Лизинг на опрема и машини
Во денешно време, технологијата се менува со брзо темпо. Одржувајте ја конкурентноста во вашето работење со инвестирање во модерна опрема.
Нудиме лизинг на опрема и машини за:
⦁ ГРАДЕЖНА ОПРЕМА И МЕХАНИЗАЦИЈА,
⦁ МАШИНИ ЗА ПЕЧАТЕЊЕ,
⦁ МЕДИЦИНСКА ОПРЕМА,
⦁ ЗЕМЈОДЕЛСКА ОПРЕМА и
⦁ друга опрема.
Опис на постапката за уредување на финансирањето 1. Вие ја бирате опрема.
2. Пополнете го БАРАЊЕТО и поднесете ја потребната ДОКУМЕНТАЦИЈА.
3. Подготвуваме ПОНУДА прилагодена на вашите желби.
4. АНАЛИЗА НА КЛИЕНТИТЕ И БИЗНИСОТ. Го одобруваме финансирањето и склучувањето на договорот.
5. ГО ПОТПИШУВАМЕ договорот.
6. Ви посакуваме продуктивно користење!
Финансиски лизинг
Финансискиот лизинг е најчестиот облик на лизинг, погоден за физички и правни лица. Веќе при склучување на договорот, Корисникот на лизинг одлучува дека сака да стане законски сопственик на предметот на договорот на крајот на рокот на отплата и по исполнувањето на сите договорни обврски. За време на траењето на договорниот однос, Корисникот на лизингот е економски сопственик на предметот на договорот (корисник), а законски сопственик е Давателот на лизинг.
Оперативен лизинг
Оперативниот лизинг е наменет за оние клиенти кои првенствено се заинтересирани за користење, но не и за купување на предметот на договорот. За овој облик на лизинг вообичаено се одлучуваат правни лица и претприемачи, кои имаат можност за прилагодување на висината на месечните закупнини. Со истекот на договорниот однос, закупецот не станува сопственик на предметот на договорот и истиот го враќа на закуподавачот.
Документација:
Правни лица:
- Пополнето барање за финансирање
- Профактура од добавувачот, адресирана до НЛБ ЛЕАСЕ&ГО ДОО Скопје
- Биланс на успех за последните 2 години
- Биланс на состојба за последните 2 години
- Извештај за готовински текови
- Солвентност од банка за последните 6 месеци
- Оригинал од тековна состојба издадена од Ц.Р на Р.С.М
- Оригинал од тековна состојба на вистинскиот сопственик не постара од 3 месеци издадена од Ц.Р. на Р.С.М
- Копија од личен документ за идентификација на законскиот застапник
- Изјава за носител на јавна функција
- ОПШТИ УСЛОВИ на Договор за лизинг за правни лица
По приемот на целата потребна документација, ќе ја провериме Вашата кредитна способност и ќе дадеме одговор на Вашето барање за лизинг во најкраток можен рок.
Следниот чекор е потпишување на Договорот за лизинг и превземање на предметот на лизинг.
Со нетрпение го очекуваме овој момент .