Лизинг на пловила

Дали можеби се одлучувате да купите или долгорочно изнајмите пловило?  Дали повеќе би сакале да се обидете да управувате со соодветно голема едрилица? Или сте меѓу оние кои сакаат да уживаат во луксузот на јахтите? Можеби ќе можеме да ја оствариме вашата желба со помош на лизинг на пловила, кој го нудиме за нови и користени пловила.

Лизинг на пловила ви нудиме за:
⦁    МОТОРНИ ЈАХТИ,
⦁    ЕДРИЛИЦИ и 
⦁    ЧАМЦИ и други пловни објекти.

Опис на постапката  за уредување на финансирањето
1. Вие одбирате пловило.
2. Пополнете ја АПЛИКАЦИЈАТА и поднесете ја потребната ДОКУМЕНТАЦИЈА.
3. Подготвуваме ПОНУДА прилагодена на вашите желби, потреби и можности.
4. ПРЕГЛЕД НА КЛИЕНТИТЕ И БИЗНИСОТ. Го одобруваме склучувањето на договорот.
5. ГО ПОТПИШУВАМЕ договорот.
6. Мирни води! 

Финансиски лизинг

Финансискиот лизинг е најчестиот облик на лизинг, погоден за физички и правни лица. Веќе при склучување на договорот, Корисникот на лизинг одлучува дека сака да стане законски сопственик на предметот на договорот на крајот на рокот на отплата и по исполнувањето на сите договорни обврски. За време на траењето на договорниот однос, Корисникот на лизингот е економски сопственик на предметот на договорот (корисник), а законски сопственик е Давателот на лизинг.

Документација:

Физички лица:

   

Правни лица: 

По приемот на целата потребна документација, ќе ја провериме Вашата кредитна способност и ќе дадеме одговор на Вашето барање за лизинг во најкраток можен рок.

Следниот чекор е потпишување на Договорот за лизинг и превземање на предметот на лизинг.

Со нетрпение го очекуваме овој момент .