Лизинг на возила
Дали го пронајдовте Вашето возило од соништата? Дали на Вашиот бизнис му треба промена на возниот парк?
Лизингот на возила Ви овозможува да ги реализирате вашите желби и потреби на брз и едноставен начин со поволно финансирање.
Нудиме лизинг на нови и користени возила:
- ПАТНИЧКИ ВОЗИЛА,
- КАМИОНИ и КОМЕРЦИЈАЛНИ ВОЗИЛА,
- МОТОРИ,
- АВТОБУСИ,
- ПРИКОЛКИ,
- ТРАКТОРИ и
- други моторни возила.
Опис на постапката за уредување на финансирањето
1. Вие го избирате возилото.
2. Пополнете го БАРАЊЕТО и поднесете ја потребната ДОКУМЕНТАЦИЈА.
3. Подготвуваме ПОНУДА прилагодена на вашите желби, потреби и можности.
4. АНАЛИЗА НА КЛИЕНТИТЕ И БИЗНИСОТ. Го одобруваме склучувањето на договорот.
5. ГО ПОТПИШУВАМЕ договорот.
6. Среќно возење!
Финансиски лизинг
Финансискиот лизинг е најчестиот облик на лизинг, погоден за физички и за правни лица. При склучување на договорот, Корисникот на лизинг има можност да стане законски сопственик на предметот на лизинг на крајот на рокот на отплата и по исполнувањето на сите договорни обврски. За времетраењето на договорниот однос, Корисникот на лизинг е економски сопственик на предметот на договорот (корисник), а законски правен сопственик е Давателот на лизинг.
Оперативен лизинг
Оперативниот лизинг е наменет за оние клиенти кои првенствено се заинтересирани за користење, но не и купување на предметот на Договорот. За овој облик на лизинг вообичаено се одлучуваат правни лица и претприемачи, кои имаат можност за прилагодување на висината на месечните закупнини. Со истекот на договорниот однос, закупецот не станува сопственик на предметот на договорот и истиот го враќа на закуподавачот.
Документација:
Физички лица:
- Пополнето барање за финансирање
- Профактура од добавувачот, адресирана до НЛБ ЛЕАСЕ&ГО ДОО Скопје
- Потврда за редовен работен однос и износ на месечни примања од работодавачот
- Копија од личен документ за идентификација
- Копии од последните шест исплатни листи / Изводи за пензија / Изводи за промет на трансакциска сметка за последните 6 месеци
- Согласност за извадок од Македонско Кредитно Биро
- Изјава за носител на јавна Функција
- Согласност за користење на лични податоци
- ОПШТИ УСЛОВИ на Договор за лизинг физички лица
Правни лица:
- Пополнето барање за финансирање
- Профактура од добавувачот, адресирана до НЛБ ЛЕАСЕ&ГО ДОО Скопје
- Биланс на успех за последните 2 години
- Биланс на состојба за последните 2 години
- Извештај за готовински текови
- Солвентност од банка за последните 6 месеци
- Оригинал од тековна состојба издадена од Ц.Р на Р.С.М
- Оригинал од тековна состојба на вистинскиот сопственик не постара од 3 месеци издадена од Ц.Р. на Р.С.М
- Копија од личен документ за идентификација на законскиот застапник
- Изјава за носител на јавна функција
- ОПШТИ УСЛОВИ на Договор за лизинг за правни лица
По приемот на целата потребна документација, ќе ја провериме Вашата кредитна способност и ќе дадеме одговор на Вашето барање за лизинг во најкраток можен рок.
Следниот чекор е потпишување на Договорот за лизинг и превземање на предметот на лизинг.
Со нетрпение го очекуваме овој момент .